Школување во странство
ВПЕЧАТОЦИ ОД ЛЕТНАТА ШКОЛА ВО ЛОНДОН
Ова е едно искуство кое ќе го паметам цел живот. Навистина нешто прекрасно ми се случи уште од самиот почеток. Лондон е прекрасен град. Огромен но така лесен за снаоѓање и движење (благодарение на метрото, автобускиот превоз и познатата OYSTER CARD:-). Има многу нешта да се посетат. Иако таму бев три недели и постојано бев во движење, не сум сигурен дека успеав се' да видам:-)
Бев сместен во семејство Колумбијци кои имигрирале во Лондон пред 20 години.Беа прекрасно учтиво и друштвено семејство, спремни секогаш да помогнат било околу домаќинските работи, било околу давање секакви информации околу градот и слично.Има многу работи кои ги споделивме заедно овие три недели меѓутоа ќе издвојам две кои ми оставија силен впечаток. Една од нив беше самата прва средба со нив. Се погоди да и' биде роденден на внуката во нивното семејство. Се викаше Лили и полнеше 30 години. Бев поканет заедно да славиме роденден на фамилијарниот собир. Пиевме шампањ од Париз и јадевме многу вкусна овошна торта. Беше супер и славенички. Сакам да издвојам уште едно дружење. Една сабота навечер, синот, кој беше на моја возраст, 25 години, правеше седенка дома со неговите другари. Ме поканија да им се придружам. Беше супер: пиевме пиво цела вечер, опкружени со хип хоп музика на голем LCD телевизор и муабети од типот на "Men's world":-),а една вечер исто така заедно излеговме.
Школото беше беспрекорно организирано. Професорите учтиви, вистински професионалци спремни да помогнат во секое време.Секој ден имавме часови: morning and afternoon classes, кои беа одлично организирани. Не беа класични: професор-ученик; цело време се играа игри, се дискутираше на разни теми,се работеше во парови или во тимови, имавме презентации на одредени теми пред другите студенти. Имавме дури и час во градината на школото, како забва:-) Секој ден, откако ќе завршеа часовите, од школото се организираа "social activities". Ги имаше од најразличен тип: бевме на мјузикл, open air theatre,посета на некое познато место во Лондон,mission impossible...:-) мене омилено ми беше одење во паб секој петок после часови.Тогаш пиевме пиво, се дружевме не само со студентите од нашата група туку со сите студенти од целото школо.
Сашо Златановиќ
Прекрасно искуство кое никогаш нема да го заборавам! Училиштето ''Language in London'' има одлични професори кои секогаш се расположени да ви помогнат за што и да е. Часовите се интересни а методот на предавање ефикасен. Курсот "cultural experience", покрај организираната настава ви овозможува да посетите многу музеи, галерии , библиотеки во Лондон. Секој ден посетувате различно место и добивате инструкции од професорот која е вашата задача за тој ден. Целта на овој начин на предавање е што повеќе да комуницирате со другите студенти од групата. Попладне училиштето организира ''social activities'', како на пример посета на стариот дел на Лондон,театарски претстави, прошетка низ Bloomsbury Street, излегување во pubs, bars...
Ова е идеална можност да го усовршите вашиот англиски јазик и да посетите што повеќе места во Лондон.
Викторија Стефановски




