За ЦСЈ
Цел
Нашата цел е да обезбедиме професионален пристап и пријатна и позитивна атмосфера која ќе ве потикне да ја совладате уметноста на зборување, слушање, пишување и размислување на странски јазици
Кои сме ние
Формиран во 1954 год. како Курс по англиски јазик, во текот на своето полувековно постоење, Центарот за странски јазици прерасна во институција со изградено реноме и континуиран растеж. Денес Центарот е едно од најголемите и најквалитетни училишта за изучување странски јазици на Балканот. Нашите курсеви годишно ги посетуваат повеќе од 2000 слушатели од сите возрасти. Покрај курсевите кои се организираат на сите нивоа, нашата работа вклучува и организирање семинари, издавање книги, преведување, подготовка за меѓународно признаени испити, издавање потврди за познавање на странски јазици, организирање игротеки за деца, викенд курсеви, индивидуална интензивна настава и придружување деца на студиски престој во Велика Британија, Австрија, Шпанија и други држави.