Посебни услуги
- Интензивни курсеви со секојдневна настава за брза подготовка (на барање на претпријатија и институции)
- Викенд курсеви кои се одржуваат во петок попладне и сабота наутро за лица кои не можат да посетуваат редовна настава во текот на работната недела. Тие вклучуваат и курсеви за комуникација, граматика, конверзација, деловен јазик и за освежување на јазикот.
- Интензивни специјализирани курсеви за специфични професии(новинарство, дипломатија, право, медицина, банкарство и сл.)
- Летни курсеви за сите нивоа.
- Специјализирани курсеви во просториите на компаниите и институциите
- Индивидуални часови по договор
Уписот за овие курсеви се врши секојдневно по нивното објавување.




