Германски
ИСПИТИ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК
Официјални испити на Гете институтот коишто се изведуваат во Центарот за странски јазици
Испитите и курсевите се поделени според Европската јазична референтна рамка (ЕЈРР)
Ниво | Подниво | Испити | Семестри потребни да се постигне нивото | Број на часови потребни да се постигне нивото | Степени во ЦСЈ кои соодветствуваат на семестрите |
А | А1 | 2 | 80-200 | I и II | |
2 | 80-200 | I и II | |||
А2 | 4 | 200-350 | III и IV | ||
4 | 200-350 | III и IV | |||
В | В1 | 6 | 350-650 | V и VI | |
6 | 350-650 | V и VI | |||
В2 | 8-9 | 600-800 | VII, VIII и (IX) | ||
С | С1 | 9-11 | 800-1000 | IX, X и XI | |
С2* |
| над 12 | 1000-1200 | над XII |
Start Deutsch 1 (Goethe-Zertifikat A1)
Со овој испит докажувате дека имате основни познавања од германскиот јазик, односно дека умеете да комуницирате на мошне едноставен начин.
Во моментов, овој испит, им е потребен на оние коишто имаат поднесено барање за виза за траен престој, заради придружување брачен другар или член од семејство. Испитот може да се полага со навршени 16 години. Во нашето училиште нудиме специјализиран курс за подготовка на овој испит. Курсот е интензивен, трае 8 недели, четири пати неделно по четири часа (вкупно 128 часа), а ценатa е 14.400 денари.
Fit in Deutsch 1
Прв испит за деца на германски јазик. Со Fit 1 децата се запознаваат со формата на германските испити и го докажуваат основното познавање на јазикот. Испитот може да се полага со навршени 10 години.
Start Deutsch 2 (Goethe-Zertifikat A2)
Испитот и курсевите кои Ве водат до ова ниво Ви овозможуваат прегледност во германскиот јазик. Вие сте на високо основно ниво. Со овој испит се комплетира нивото А.
Fit in Deutsch 2
Нивото соодветствува на испитот за возрасни Start Deutsch 2 (Goethe Zertifikat A2). Испитот може да се полага со навршени 10 години.
Goethe-Zertifikat Deutsch (ZD)
Со положувањето на овој испит Вие докажувате дека имате солидни познавања од германскиот јазик со коишто можете да се снајдете во сите секојдневни ситуации. Со овој испит ги заокружувате и зацврстувате основните познавања од германскиот јазик, особено ги зацврстувате знаењата по основната германска граматика, веќе сте способни самостојно да напишете лично или официјално писмо, да следите разговори на не многу високо ниво и да прочитате делови од весници или цели книги.
Goethe-Zertifikat Deutsch für Jugendliche (ZDJ)
Нивото соодветствува на испитот за возрасни Zertifikat Deutsch (ZD). Испитот може да се полага со навршени 12 години.
Goethe-Zertifikat B2
Овој испит е новина во низата испити Goethe-Zertifikat. Докажувате напредно познавање на германскиот јазик.
Goethe-Zertifikat C1 (ZMP)
Предуслов за полагање на овој испит е познавање на германскиот јазик на многу напредно ниво.
Општи информации
Сертификатите на Гете институтот на ја губат својата важност.
Вообичаено има два термина за полагање: последната недела од февруари и последната недела од јуни. Меѓутоа Центарот за странски јазици овозможува полагање и вон овие термини.




