Шпански
450 милиони луѓе во светот веќе говорат шпански...а ти?
- По англискиот, шпанскиот е најупотребуван јазик во меѓународната комуникација и е третиот светски јазик на полето на меѓународната политика, економија и култура.
- Шпанскиот е мајчин јазик на околу 330 милиони луѓе во целиот свет.
- Во текот на последните десет години во светот двојно се зголеми интересот за изучување на шпанскиот јазик.
- Шпанскиот е официјален јазик во 21 држава.
- Околу 100 милиони луѓе го говорат шпанскиот како втор јазик.
- Се проценува дека по 50 години шпанскиот јазик ќе биде мајчин јазик на повеќе од 50% од жителите на САД.
Претходно изложените податоци се показатели за тоа дека познавањето на шпанскиот јазик ќе Ви отвори поголеми можности на пазарот на трудот и поголеми можности за напредок во меѓународниот сектор. Се разбира дека постојат многу други причини за учење на шпанскиот јазик, како на пример големиот придонес што шпанската култура им ги дала на светската архитектурата, уметност и литература. Дали има нешто поубаво од тоа да се читаат Севантес, Лорка, Борхес, Кортазар, Гарсија Маркес на нивниот убав и богат јазик? Сигурно Пикасо, Миро, Дали, Гоја и Веласкез ќе Ви станат поинтересни доколку ја запознаете културата од која потекнуваат.
Доколку само сакате да ги посетите Шпанија или Латинска Америка базичното познавање на шпанскиот јазик ќе Ви помогне да стигнете подалеку.
Метод на предавање во ЦСЈ
Користиме интерактивен начин на предавање кој се потпира на практичното учење. Предаваме граматика, што претставува многу важен дел во изучувањето на секој странски јазик, но тоа секогаш го правиме во лингвистички контекст што одговара на степенот на познавање на јазикот.Главен акцент ставаме на конверзацијата, но не ги забораваме ниту граматиката, читањето и пишувањето. Во училницата користиме видео и други аудиовизуелни методи.
Работиме во пет степени. Целите на секој од овие степени се следните:
Прв степен
Усвојување на основните лингвистички и културни елементи. Формулирање и разбирање на кратки реченици кои се однесуваат на основните потреби.
Втор степен
Спонтана и самостојна комуникација, се разбира со одредени тешкотии, во секојдневните ситуации.
Трети и четврти степен
Успешно справување во поголем дел од комуникативните и социјални ситуации во секојдневниот живот.
Петти степен
Корекција на малите лингвистички несовршености. Усовршување на изговорот и интонацијата. Непречена комуникација со говорители на кои шпанскиот им е мајчин јазик во сите ситуации.




