На 11 и 12 декември во Драмски театар во Скопје се одржа Драмски Фестивал. Нашето училиште, Центарот за странски јазици, учествуваше со три претстави: Убавицата и ѕверот, Робин Худ и Пепелашка. Учениците повторно докажаа дека се исклучително креативни и оригинални во изведбата. Сите три претстави беа највисоко оценети од страна на жирито а учениците добија специјални награди.
УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ Режија: Елена Мангова и Оливера Ристовска. Учествуваат: Ирина Андреевска, Филип Цветковски, Албеса Демјаха, Ива Алексиќ Мартина Јневска, Рената Ангеловска, Марко Клинчарски, Изабела Бајалска, Стефан Крстиќ, Тијана Катушевска
РОБИН ХУД Режија: Бисера Ивановска и Нада Грујовска. Учествуваат: Александар Трпоски, Емир Хасановиќ, Aлександар Николовски, Давид Длака, Димитри Димитров, Сташа Дамовска, Филип Илиевски, Ана Марија Димиќ, Мартина Деспотовска
ПЕПЕЛАШКА Режија: Анета Карпузова и Анета Стојановска. Учествуваат: Андреа Атанасовска, Симона Станоевска, Мими Лозановска, Јана Бурчевска, Мила Калкова, Ратомир Димиќ, Анастасија Башескa
Национален драмски фестивал
На 13 и 14 декември 2003 година (сабота и недела) во Театарот за националности се одржа првиот национален драмски фестивал, во кој учество зедоа 130 деца од основни, средни и јазични училишта од целата земја. Претставите беа изведени на англиски јазик. Фестивалот е дел од проектот за имплементација на драмата и креативните уметности во образованието. Целта е да се поттикне креативноста кај младата популација. Центарот за Странски јазици зеде учество со две изведби со наслов "Friday Night" и "Caught in the Art". Учесниците беа на возраст од 14 до 16 години. Во скечот " Friday Night " учествуваа: - Борјан Крстевски - Кристијан Секуловски - Благица Станојевиќ - Ивана Матејин - Викторија Нешковска - Моника Ковачевска. Тие самостојно работеа на сценариото и покажаа огромна креативнсот во изведбата. Идејата за "Caught in the Art" произлезе од една лекција за Graffiti Art. Скечот го напиша Марко Мадиќ, а го доработија и на сцена го одиграа: - Мартин Киселички - Марија Ангеловска - Кирил Антевски - Магдалена Ристова - Сања Јанакиевска - Филип Стојковиќ